Магдебург последен патник на Ф4 во Келн

Комплетирани се учесниците на ракометниот фајнл-фор во Лигата на шампионите сезонава. Со победата над Пик Сегед и во вториот натпревар, екипата на Магдебург стана вториот германски тим кој се пласираше во Келн, и ќе бори за трофејот во најелитното европско клупско натпреварување.

Германскиот тим вечерва славеше со 45-37, и со вкупни 80-65 се пласираше меѓу најдобрите четири. Магдебург само во првите моменти имаше негатива, а потоа го презеде водството и не го испушти до крајот на натпреварот.

Осум гола за Магнусон кој беше најефикасен, додека кај поразениот тим Смарасон постигна седум.

Се вчитува...