Удар за Барса – Рафиња четири месеци „во аут“

Повредата што Рафиња ја заработи за време на последниот меч со Гранада сепак е од посериозен карактер, па бразилскиот интернационалец нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Првичните прогнози велеа дека плејмејкерот би можел повторно да игра фудбал за триесетина дена, но деталните прегледи покажаа сериозен проблем со медијалниот менискус на коленото.

Весникот „Ел Мундо Депортиво“ најавува дека врз Рафиња во најскоро време ќе биде извршен хируршки зафат, по што овој фудбалер ќе мора да паузира најмалку четири месеци од терените. Ова значи дека сезонава дефинитивно е завршена за него, а лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи за стартот на новата натпреварувачка сезона во Примера, која ќе стартува кон крајот на месец август.

Се вчитува...