ЕКИПА во Брест,
Томас Ѓоргиевски
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изјави дека неговиот тим секоја година доаѓа со амбиции да ја освојат лигата, па така ќе биде и оваа. Сепак, Стоилов исто како и тренерот Гонзалес е свесен дека дуелот со Загреб ќе биде исклучително тежок поради фактот дека двата тима премногу добро си ги познаваат своите квалитети.
„Ова е шести пат да се пласираме во Ф4. Амбициите како и секоја година се да го освоиме овој трофеј. Можеби само првата година не очекувавме да го направиме тоа, но од тогаш секоја сезона се трудиме повторно да бидеме шампиони на СЕХА-лигата. Играме против екипата на Загреб, екипа со која се познаваме многу добро. Сезонава игравме четири пати и ги поделивме победите, се надевам дека овој петти меч ќе заврши во наша полза. Не е лесно да играме со ист противник повеќе пати во сезоната. Поразот од Металург го заборавивме и се опоравивме од него. Момците одиграа одличен меч, имаа свој ден, но ќе играме уште еден меч со нив на домашен терен, па ќе имаме можност да им се реваншираме“ – изјави Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА