Навивачите на Наполи имаат причина за задоволство откако попладнево беше обелоденето дека клубот постигнал договор за продолжување на соработката со Калиду Кулибали. Одличниот дефанзивец во последните месеци беше поврзуван со преселба во Премиер-лигата, се пишуваше и за интерес од страна на раководството на Реал Мадрид, но „наполитанците“ успешно ги финализираа преговорите за потпис на нов договор, со важност до 2021 година.
„Кулибали потпиша нов договор, можам да го потврдам тоа. Тој отсекогаш велеше дека сака да остане, со новиот договор му се овозможува да биде дел од овој клуб до 2021 година“ – изјави агентот на Кулибали, Бруно Сатин.
Кулибали пристигна во Наполи во 2014 година од редовите на Генк и веднаш се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА