Во организација на Европската атлетска асоцијација од денеска па до недела (12. март) во Виена ќе се одржи Семинар – Конференција за атлетски тренери на Европа на кој ќе учествува и претседателот на тренерската комисија при Атлетската федерација на Македонија Беџет Точи.
На Конференцијата ќе има можност за размена на искуства и идеи со колегите од цела Европа со цел унапредување и усовршување на тренажниот процес. Конференцијата ќе биде отворена од Претседетаелот на ЕАА, Свен Арне Хансен по кое ќе бидат претставени најдобрите национални системи во Европа за скокови, фрлање, трчање како и методологија за постигнување на врвни резултати.
Предавачи на Семинарот се Вофганаг Рицдолф за скокање, Елио Локатели за спринт, Рене Сак за фрлања и уште неколкумина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА