Ѓоргиев незапирлив: Торај директно во финалето во Јапонија

Никола Ѓорgиев одигра уште еден фантастичен меч во дресот на Торај, предводејќи ја својата екипа до голема победa во дерби дуелот против Тојота. Стануваше збор за пресметка која решаваше кој од овие два тима ќе се пласира директно во големото финале, а тимот на Ѓоргиев одигра фантастично и славеше со максимални 3-0 во сетови, обезбедувајќи си го врвот на табелата. Вообичаено, Македонецот беше творецот на победата освојувајќи фантастични 30 поени (29 од напад, еден со ас-сервис).

Имаме причина да сме презадоволни бидејќи стигнавме до она што го посакувавме – директен пласман во финалето. Победата над Тојота е само уште една потврда за нашите квалитети, но свесни сме дека не треба да застанеме до остварувањето на конечната цел – освојување на титулата“ – изјави Ѓоргиев за ЕКИПА.

Само за потсетување, Никола Ѓоргиев сезонава го освои Царскиот Куп на Јапонија, а со победа во финалето ќе има можност да стигне до двојна круна.

Се вчитува...