Адис Јаховиќ запиша нов гол за Гезтепе во Втората лига на Турција овој пат за победа од 1-0 против Манисаспор во 22. коло.
Јаховиќ го постигна својот 14-ти гол сезонава со што се издвои осамен на врвот од листата на најдобрите стрелци во второлигашката конкуренција во Турција. Денеска стрелаше во 77. минута, што се покажа сосема доволно за триумф над Маниса.
По оваа победа Гезтепе повторно се врати на лидерската позиција на табелата, со 40 бода, цврсто чекорејќи кон Првата турска лига. Место меѓу фудбалската елита на Турција ќе обезбедат двете првопласирани екипи од Втората лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА