Кире Лазаров и Борко Ристовски ја продолжуваат победничката серија со Барселона во АСОБАЛ лигата. На гостувањето против Куенка, Барса славеше со 23-27 и ја запиша 19 победа во серија сезонава. Но, овој пат Барса до бодовите стигна неочекувано тешко.
Инспирираните домаќини до крај држеа чекор со големиот фаворит и до крај не и дозволија на Барса да направи поголема разлика. Барселона на полувреме замина со три гола предност (11-14). Сепак, отпорот на Куенка продолжи и во вториот дел и домаќините успеаја да дојдат до изедначување на 16-16. Каталонците не беа доминантни како вообичаено, но, брзо се вратија во позитива и на крај очекувано славеа победа.
Под својот голгетерски просек беше и Кире Лазаров кој заврши само со еден гол од четири обиди. Борко Ристовски запиша шест, а Гонзало Перес де Варгас две одбрани на голот на Барселона. Со по четири гола најефикасни во победничкиот тим беа Валеро Ривера, Ласе Андерсон и Дика Мем. Во тимот на Куенка, седум гола постигна Пабло Вајнштајн, а свој ден на голот имаше голманот Килиен Рамирез Сантана со 11 одбрани.
Барселона е неприкосновена на првото место на табелата со максимални 38 бода, а Куенка на петопласирана со 21 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА