Ѓукиќ: Македонија мора да е горда на овие ракометни успеси

ЕКИПА на ЕП во Хрватска

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

 

Црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ им честиташе на нашите ракометари за остварениот успех со пласманот во следната рунда, изразувајќи жалење што неговиот тим не успеа да приреди изненадување на овој натпревар.

„Честитки до македонскиот национален тим за пласманот во следната фаза, сите треба да се горди за начинот на кој игра оваа репрезентација и успесите што ги бележи. Ние ја пропуштивме својата шанса, бевме пренервозни и направивме грешки. Ги намачивме Македонците, кои мораа да дадат се од себе за да не победат, но тоа не е доволна сатисфкација“ – изјави црногорскиот селектор.

Стефан Чавор беше најдобар поединец кај Црногорците со шест постигнати погодоци, создавајќи им огромни проблеми на нашите играчи во одбраната.

„Бевме подобри во првото полувреме, но потоа паднавме, направивме премногу грешки. Голем проблем ни беше што долго време минавме со играч помалку, добивме и црвен картон на крајот и не можевме да се вратиме“ – истакна Чавор на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...