Антонио Конте е прв избор на Италијанската Фудбалска Федерација во потрагата по нов селектор, откриваат денеска медиумите од Апенинскиот полуостров. „Аѕурите“ се уште се без кормилар по заминувањето на Вентура, кој доби отказ по фијаското во баражот за СП 2018. Во меѓувреме селекторската улога привремено ја извршува Ди Бјаџо, додека трае потрагата по перманентно решение.
Сепак, потпретседателот во федерацијата, Алесандро Костакурта, откри дека приоритет во потрагата ќе биде ставен на постигнување договор со Конте.
„Од сите потенцијални кандидати, Антонио Конте за мене е најдобро решение. Тој е вистинскиот избор за селектор и сигурно ќе разговараме со него во следниот период“ – изјави Костакурта.
Овој трофеен стратег има договор со Челси до јуни 2019 години, но се погласни се гласините дека лондонскиот клуб на крајот од сезонава ќе му врачи отказ, по што тој ќе може да се врати на клупата на националниот тим. Само за потсетување, Антонио Конте седеше на клупата на Италија на ЕВРО 2016, елиминирајќи ја Шпанија, пред во четвртфиналето на пенали да загуби од селекцијата на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА