Мохамед Салах е фудбалски бог на Египет, а Ахмед Бахаа често ја ужива неговата популарност затоа што неверојатно наликува на фудбалерот на Ливерпул. Тие имаа и средба, на која Салах се изненади дека има своја „копија“ во родната земја.
„Мохамед кога ме виде се шокираше, и рече дека се чувствува исто како да застанал пред огледало. Неверојатна е сличноста, но всушност Салах наликува на мене, затоа што јас сум повозрасен“, изјави Ахмед Бахаа, „двојникот“ на Мохамед Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА