Роналдињо ќе се жени со две девојки истовремено

Големата фудбалска ѕвезда Роналдињо се најде во центарот на фудбалската јавност во Бразил со одлуката истовремено да се ожени со двете девојки со кои се забавува веќе извесно време, Присила Коелјо и Беатриз Соуза. Свадбата е веќе закажана за август, откако Роналдињо „живеел во хармонија“ со двете девојки уштее од декември, но својата куќа во Рио де Жанеиро.

Екс-фудбалерот на Барселона почнал да се забавува со Беатриз во 2016 година, но не ја прекинал врската со Присила која почнала неколку години порано.

Според медиумите, двете девојки добиваат џепарлак од по 2.000 долари месечно од Роналдињо, кој од сите патувања им носи идентични подароци. Тој на последното патување во Јапонија се сликаше и со двете девојки, потврдувајќи ја полигамската врска.

„Двете девојки во јануари добија свршенички прстени и сега ја чекаат свадбата. Таа ќе се случи во Санта Моника, дел од Рио де Жанеиро каде Роналдињо живее уште од 2015 година“ – открива бразилскиот колумнист Лео Диаз.

Се вчитува...