Србинката која ја засени и Шакира: Девојка број еден во Ла Лига (ФОТО)

Српскиот голман Филип Манајловиќ беше предодреден за нова ѕвезда на Србија. Но по потписот за Гетафе минатата година на поранешниот чувар на мрежата на Црвена Звезда кариерата му замина во надолна линија.

Сега, во шпанската Примера воопшто не му цветаат рози… Иако минатата година потпиша четиригодишен договор, се чини дека на 22-годишниот Манојловиќ во Гетафе никој не смета сериозно. Пред него се Шпанецот Гуаита и Аргентинецот Мартинез. А, Манојловиќ за Гетафе нема брането ниту една минута.

Но, зарем е тоа и нешто премногу важно кога ја има Бојана Ѓорѓевиќ да го теши… Можеби на Филип не му оди во Шпанија, но затоа неговата секси девојка е број еден на насловните страници во шпанските магазини. Таа, по преселбата во Шпанија поради своето момче, всушност си направи кариера. Сега и Шакира не им е интересна на шпанските медиуми. Бојана е девојка број еден во Примера…

 

Се вчитува...