Време е да се најде совршеното прибежиште од летните горештини. „Базен Аеродром“ од утре, 08. јуни, ќе го нуди токму тоа и многу повеќе. Овој комплекс покрај одличните води нуди и добра музика, журка, рекреација и вкусна храна.
Најголемиот отворен базен во Македонија, Базен Аеродром, е место создадено да ги негува потребите на посетителите за време на високите температури. Од петок се очекува ова место создадено за рекреација, одмор и разладување да се надгради со одлични забави и многу новитети. Ресторанот ќе биде задолжен за надополнување на ова целосно уживање со добра храна и освежителни пијалоци со што базенот ќе се претвори во перфектното место за денови исполнети со вистинско уживање.
Самото утрешно отворање (8. јуни) ќе биде бесплатно и сите ќе можат да се впуштат во сончање, пливање и забава на вода која ќе им дојде како совршено уживање за претстојниот викенд.
Базенот ќе биде отворен секој ден од 10.00 до 18.00 часот и исто како и изминатите години, Базен Аеродром функционира по принципот на членство. Се замолуваат сите заинтересирани навремено да ги контактираат организаторите со цел да ја обезбедат својата членска карта.
Базен Аеродром нуди и професионална пливачка школа за која може повеќе да се дознае при посета на официјалната Фејсбук страна и на веб страната:
https://www.facebook.com/BazenAerodrom/
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА