Златан Ибрахимовиќ воопшто не е скромна личност, затоа и не е изненадување дека најновата ѕвезда на Лос Анџелес галакси прифати да позира сосема гол за јубилејното издание на „Body Issue“ на ESPN.
На прашањето зошто неговите фотографии се поинакви во однос на другите спортисти одговара:
„Јас кога правам нешто, го правам тоа моќно. Не се работи за убавина затоа што секој може да изгледа добро. Но, не секој е моќен, а јас го имам тоа“ – вели Ибрахимовиќ.
Тој во интервјуто за ESPN зборува за повеќе теми поврзани со фудбалската кариера, но сепак целото внимание го привлекоа разголените фотографии.
Златан Ибрахимовиќ пред шест месеци од Манчестер јунајтед премина во ЛА галакси, експресно привлече огромно внимание во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА