Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон под псевдонимот „XNDA“ влезе во естрадниот свет. Тој го имаше пејачкото деби на новиот сингл на Кристина Агилера наречен „Пипе“. Иако под псевдоним, на обожувателите не им требаше многу време да откријат кој е партнерот на Агилера во песната.
Кристина Агилера објасни дека „се заколнала на тајност“ околу идентитетот на „XNDA“, но оти многу сака да сподели со јавноста за кого се работи бидејќи како што вели „тој е мултиталентиран“ и „има прекрасен глас“.
За Луис Хамилтон одамна е познато дека сака да влезе во музичките води.
„Музиката е моја голема страст уште одамна. Почнав да свирам гитара на 13 години“ – изјави во едно интервју, ѕвездата на Мерцедес.
Под псевдонимот, Хамилтон е потпишан и како коавтор на песната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА