Македонија ЃП извојува победа од 3-2 (1-1) на пријателскиот натпревар против прволигашот од Туркменистан, Алтин Ашир, кој се одигра во Банско.
Стрелци на погодоците за „лавовите“ беа новото засилување Нето Бианор во 37. минута, и Адеми кој двапати стрелаше, во 48. и во 61. минута.
Македонија ЃП на тест дуелот против Алтин Ашир настапи во следниот состав: Димовски (Јовановски), Пецов, Стојковски, Бианор (Мишевски), Жунињо (Стојановски), Робињо, Билали (Колеќевски), Божиновски, Тантуровски (Настевски), Џеферсон (Адеми), Педро (Кировски).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА