Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски очекувано е незадоволен од елиминацијата на Хајдук во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа.
Сплиќани со гол во 93. минута загубија со 2-1 од романска Стеауа што значеше крај на надежите за плеј-оф рунда. Мирко Ивановски одигра 70 минути на дуелот во Букурешт…
„Не заслуживме елиминација на овој начин, посебно затоа што Стеауа не е апсолутно ништо повеќе од нас. Дури беше и послабиот тим на теренот во овој двомеч, но таков е фудбалот кој некогаш казнува. На мечот во Букурешт имаа само една шанса, еден пенал и тој несреќен гол во последните секунди. Разочарани сме сите во тимот и затоа што сега има непријатна атмосфера во соблекувалната. Ваква елиминација сигурно не е добра за тимот“ – изјави Ивановски по синоќешниот натпревар со Стеауа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА