Скопскиот суперлигаш Пролет е победник на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што се одржа деновиве во Прилеп. До победничкиот пехар Пролет стигна со победа во финалето против Струга со 24-23.
Избраниците на тренерот Никола Матлиески беа поуспешни во незивесниот натпревар со новиот суперлигаш кој летово донесе неколку домашни и странски засилувања.
Во полуфиналите дуели, Пролет го победи Ловќен со 27-20, а Струга беше поуспепна од домаќинот Прилеп со 27-22.
Третото место на турнирот му припадна на Ловќен кој во дуелот за пласман го совлада Прилеп со 32-28.
Младинскиот репрезентативец во составот на Струга, Ненад Костески, го доби признанието најдобар играч на турнири, а наградата за најдобар голман му припадна на Филип Борозан од тимот на Ловќен.
Покрај четирите официјални натпревари, во склоп на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп беа одиграни и два ревијални натпревари на ракометните ветерани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

