Кире Лазаров со тимот на Нант славеше победа на домашен терен против Данкерк со 20-19 , во вториот натпревар од новата сезона во француската лига. За Нант ова е втора победа во домашниот шампионат во првите два натпревари.
Актуелниот свропски вицешампион наиде на силен отпор и во текот на целиот натпревар тешко се справуваше со Данкерк. Гостите на полувремето имаа гол предност (9-10) и држеа ист ритам и во поголемиот дел од второто полувреме. Решавачката предност Нант ја направи на десетина минути пред крај кога реализира четири гола во серија и поведе со 19-15.
Данкерк во финишот одново се врати во игра намалувајќи на 20-19. Но, налетот на гостите го сопре Арно Сифер и со две врзани одбрани ја спаси победата на Нант.
Лазаров го заврши натпреварот со два гола, а најефикасен беше повратникот во Нант, Валеро Ривера со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА