Пол Погба се приклучи на француската фудбалска репрезентација за настапите во Лигата на нации, но сепак искористи еден момент за да го „закачи“ и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо. На прашањето дали очекува во иднина да биде капитен на националниот тим, тој даде интересен одговор.
„Немам потреба да бидам капитен за да бидам лидер. Некои фудбалери сами се наметнуваат на теренот. Во моментов јас сум спој на младоста и искуството. Со оглед на мојата возраст – 25 години, не се наоѓам ниту во младите, ниту во најстарите. Можеби еден ден ќе ја носам лентата“, изјави Погба.
Ова беше и порака за Жозе Мурињо кој му ја одзема капитенската лента на Погба во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА