Себастијан Коатес засекогаш ќе го памети својот 28-ми роденден, а уште повеќе ќе го слави неговиот соиграч Ромен Салин.
И двајцата фудбалери на Спортинг Лисабон, во седмото коло од португалскиот шампионат гостуваа на Портимоненсе. Во 44. минута, при водство на домашните од 1-0, голманот на гостите Салин во обид да одбрани еден шут се удри силно со главата од дирекот и онесвестен падна на тревата.
Неговиот соиграч Коатес, стопер на Спортинг и репрезентативец на Уругвај, реагираше експресно и со раце го извади јазикот од неговата уста спречувајќи да се загуши. На голманот му го спаси животот, по што Салин веднаш беше префрлен во болница.
А, Коатес, пак, до крајот на мечот во поразот на неговиот тим од 2-4 успеа да постигне и гол….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА