Неочекуваниот пораз од Шамбери во минатото коло не ги исфрли од ритам ракометарите на Нант, кои вечерва експресно им се вратија на победите во францускиот шампионат триумфирајќи на гостувањето против Аикс со резултат 25-29.
Средбата мина во „егал игра“ се до средината од првото полувреме, Аикс последното водство го имаше за 7-6, по што Кире Лазаров и соиграчите заиграа подобро и успеаја резултатски да се одлепат пред заминувањето на одмор (13-16). Домаќинтие го отворија вториот дел со серија од 3-0, но Нант имаше одговор, повторно се одлепи резултатски и на крајот заслужено стигна до нова победа.
Македонскиот „бомбардер“ го заврши натпреварот со пет гола од вкупно 11 обиди, еден помалку од најдобрите стрелци Клер и Ривера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА