Женската ракометна репрезентација на Македонија со 21 ракометарка во составот ги почнува подготовките прд настапот во квалификациите за СП 2019. Селекторот Симе Симовски од поширокиот список денеска одреди кои ракометарки треба да се појават на собирот во понеделник.
Македонија ќе биде домаќин на натпреварите од квалификациската група во која се уште и селекциите на Турција, Азербејџан и на Исланд што ќе се одиграат од 30 ноември до 2 декември во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонските ракометарки во првиот натпревар ќе играат со Азербејџан, потоа следува дуелот со Исланд и завршуваат со турција. Првопласираните репрезентаци и најдобрата втора во четирите квалификациски групи, обезбедува место во баражот за СП 2019.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

