Силекс го враќа Недељковиќ од Работнички

Силекс, по година и половина, повторно би можел во своите редови да го врати српскиот напаѓач Игор Недељковиќ кој повеќе од успешно настапуваше за клубот во периодот од 2014 до 2017 година.

Недељковиќ се одлучи да ја прекине соработката со Работнички, па сега, според нашите информации, е на пат на враќање во редовите на кратовци. За Србинот постои отворена можност за трансфер надвор од Македонија но доколку истата не се реализира тој веќе е договорен со кратовскиот прволигаш.

Недељковиќ досега во својата кариера, покрај за Силекс и Работнички во македонското првенство, има настапивано и за Сутјеска Никшиќ, за Пегасус во Хонг Конг како и за албанскиот прволигаш Фљамуртари.

Силекс во зимскиот преоден рок реализираше значителни промени во својот состав. Досега клубот го засилија шест фудбалери. Најзвучно ново име е голманот Андреја Ефремов кој пристигна од Локомотив Софија, а претходно во својата кариера има настапи и за Металург, Работнички и Ренова. Ангажиран е уште еден чувар на мрежата, Стефан Истатов, а нови фудбалери се и Адријан Чаволи, Петар Икиќ, Денис Ристов и Виктор Серафимовски.

Клубот, пак, го напуштија Александар Пановски во Кит Го Пехчево, Филип Ристоски во Шкупи, Петар Љамчевски во Пелистер, како и Димитар Иванов, голманот Спасоје Стефановиќ, Дарио Десниќ, Дејан Велески и Благојче Иванов.

Се вчитува...