Ренова со победа од 4-2 против албанскиот второлигаш Деволи ги почна подготовките во Охрид.
„Гипсарите“ комплетно доминираа на натпреварот на кој беа тестирани и дел од најновите засилувања на тимот. Како што е познато, Емануел Мбела, Вулнет Ислами, Ермедин Адем, Бурхан Мустафов, Ерсин Фетаи, Бојан Миовски и Нехар Садики се досегашните засилувања на тимот за продолжението од шампионатот.
Ренова за време на подготовките во Охрид, каде ќе остане до 6. февруари, планира одигрување уште четири пријателски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

