Неверојатен меч на Атланта и Чикаго: Вкупно 329 поени, Јанг со 49, Лавајн со 47 поени

Неверојатен натпревар синоќа во НБА лигата одиграа Атланта и Чикаго кој дури по продолжението заврши со триумф на гостите.

Чикаго славеше на крајот со 161-168 во натпревар кој заврши со вкупно 329 поени, а продолжението заврши со 37-44 по кое гостите од Чикаго стигнаа до победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Зек Лавајн со 47 поени, дополнети и со по девет скока и асистенции, а по 31 поен постигнаа Ото Портер и Марканен. Кај Атланта, Треј Јанг забележа 49 поени, а имаше и 16 асистенции, а Алекс Ленс заврши со 24 поени и 10 скока.

Се вчитува...