Ова е лоша седмица за ракометниот клуб Барселона откако каталонскиот гигант во четвртокот загуби во ЛШ од Алборг, а викендов се соочи со уште поголем проблем.
Каталонците со многу мака славеа над Бидасоа, но овој натпревар ќе остане запаметен по тешката повреда што ја заработи Гонзало Перез де Варгас. Фантастичниот голман го повреди коленото во 40. минута и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозно, па Гонзало мораше на рацете на соиграчите да го напушти теренот.
„Ако можев да бирам да ја жртвувам победата за здравјето на Гонзало, без размислување ќе потпишев за пораз“, изјави разочарано тренерот Карлос Ортега.
Ова најверојатно ќе биде и кошмарно простување на одличниот голман од Барселона, ако се знае дека тој летово се сели во Кил, а како што стојат работите тој нема д аможе да се врати на терените до крајот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА