Лука Станковски добива повик за мечевите со Велс и со Лихтенштајн

Македонскиот национален тим на 22. март го почнува новиот циклус на квалификации за пласман на Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. Првиот предизвик за Македонија е Лихтенштајн, а три дена подоцна во Скопје гостува селекцијата на Велс.

Селекторот Благоја Милевски утре ќе го соопшти списокот, а на него ќе биде сместено и едно ново име. Станува збор за играчот на Раднички Крагујевац, Лука Станковски.

Станковски сезонава во првенството на Србија има три постигнати голови. Тој беше и поранешен младински репрезентативец, а треба да биде засилување за нападот на Македонија за првите два меча.

Се вчитува...