Трагичната сезона на Грасхоперс значи и преселба во втората лига, за првпат во изминатите 70 години од историјата на овој трофеен швајцарски клуб.
Тимот игра катастрофално цела сезона, но дното беше допрено на денешното гостување со Луцерн, кога навивачите на Грасхоперс влетаа на терен при негатива на својот тим од 4-0. Нивна цел беа фудбалерите на Грасхоперс, од кои побараа да ги соблечат дресовите за кои не се достојни да ги носат. Тие ја послушаа „наредбата“ од фановите, а бидејќи останаа без својата опрема не можеа да го довршат мечот, па судијата предвреме досуди крај, по што ќе следи службена победа за Луцерн.
Овој пораз значи и дефинитивно испаѓање од елитата, но останува да се види што ќе се случува со Грасхоперс во преостанатите три кола од сезоната, со оглед на тоталниот распад-систем во оваа екипа.
Дел од екипата на Грасхоперс е и македонскиот интернационалец Никола Ѓоргев, кој не беше дел од тимот на дуелот со Луцерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА