Ракометната сезона во плејофот и официјално заврши со последниот натпревар од десеттото коло, во кој Пелистер на домашен терен го совлада Пролет со резултат 36-27. Ова беше дуел на двата тима што минатото коло останаа без шанси за четвртото место и излез во Европа, па денешниот меч го одиграа без резултатски притисок. Во битката на теренеот во Битола подобро се снајдоа домаќините, кои благодарение на подоброто второ полувреме стигнаа до третата победа во плејофот и место на табелата.
Мечот беше израмнет се до пред самиот крај на полувремето (14-14), за Пелистер непосредно пред паузата да поведе со 17-15. Пролет се приближи на стартот на вториот дел на 19-18, но тоа беше се што гостите од Скопје успеаја да сторат, „пелистерци“ беа подобар противник во завршните дваесет минути и на крајот заслужено се радуваа на победата.
Милан Поповиќ со 12 гола беше најефикасен на натпреварот, десет постигна Кобетиќ, додека кај Пролет најдобар поединец при денешниот пораз беше Мајнов со десет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА