Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата Златан Ибрахимовиќ, го критикуваше моменталниот систем во МЛС лигата. На Швеѓанецот му е незамисливо 24 клуба да се поделени во две конференции, и вистинската борба за освојување на трофејот да почнува дури во плеј-офот.
„Мислам дека системот на натпреварување е вистинско ср**е. Како можете да развиете менталитет, ако главна цел е само да обезбедите пласман во плеј-офот? Потребно е само да победите во плеј-офот, друго не е важно. Секаде резултатите во секој натпревар се важни, а овде тоа не е случај. Ако завршите како седми, потоа во доигрувањето повторно можете да станете шампиони“, изјави Ибрахимовиќ.
ЛА Галакси по 27 одиграни натпревари е петти во Западната конференција, со 15 бодови помалку од првопласираниот Лос Анџелес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА