Кадетската репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе настапи на националниот Куп во Врбас, турнир со меѓународен карактер од А категоријата.
Македонија ќе ја претставуваат тројца боксери и тоа, Илхан и Ајхан Озмен кои живеат и тренираат во Германија и Ардијан Аземи, кој оваа година победи на престижниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија а не претставуваше и на ЕП во Галати.
Илхан Озмен ќе настапи во категоријата 60 кг., Ајхан Озмен во категоријата 66 кг. и Ардијан Аземи во категоријата +80 кг.
Тренери на репрезентацијата се Васко Цубалевски и Насер Харуни а во составот на делегацијата е и националниот судија, Стефан Цубалевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА