Медисон Кис стигна до својата втора титула во 2019 година, вкупно петта во кариерата, откако американската тенисерка триумфираше во денешното финале во Синсинати против Светлана Кузнецова со 2-0 во сетови. Кузнецова има за што да жали бидејќи и во двата сета имаше водство од 5-3, но не успеа да одигра на посакуваното ниво кога беше најважно.
„Ако некој пред една седмица ми кажеше дека ќе стојам овде со трофејот, ќе му се изнасмеев в лице“ – прокоментира шампионката Кис, која го заврши финалето со 43 винер-удари.
Со освоената титула таа ќе скокне на десеттото место на најновата ВТА-листа. Голем скок ќе има и Кузнецова, која се враќа по долгата пауза поради повреда, па пласманот во финалето и обезбеди напредок од 118. на 31. место на ВТА-рангирањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА