Македонската репрезентативка Дајана Јовановска е нов член на норвешкиот второлигаш Скрим од Конгсберг, напуштајќи ги редовите на шведскиот Кристијанштад.
Скрим минатата сезона испадна од прволигашкото друштво во Норвешка, сега со амбиции за брзо враќање во Првата лига.
26-годишната Јовановска која настапува на левата бековска позиција, во Македонија играше за ЖРК Металург а има настапи и за исландски Копавогс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА