Ракометарите на Металург претрпеа уште еден пораз во летните подготовки, втор во низа на турнирот во Кањижа. Откако вчера беа поразени од израелскиот прволигаш Рамат Хашарон, „металурзите“ денеска повторно загубија, овојпат од хрватскиот вицепрвак Нексе со резултат 27-29.
Тренерот Стојановиќ не можеше да смета на голманите Дупјачанец и Ѓорѓески, во чие отсуство во добро светло на голот на Металург се прикажа Мијатовиќ. Македонскиот тим има за што да жали бидејќи му парираше на поквалитетниот противник во текот на целиот меч, на полувреме имаше и предност од 15-14, но на крајот сепак претрпе пораз.
Металург настапот во Кањижа го завршува утре со дуел со српскиот претставник Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

