Вардар го дозна името на првиот ривал на Супер-Глоуб

Екипата на Ал Мудхар од Саудиска Арабија ќе биде прв противник на Вардар во рамките од Супер-глоуб натпреварувањето, откако домашниот тим вечерва без многу мака успеа да триумфира над Њујорк со резултат 33-13.

Сосема очекувано, американските аматери не можеа да пружат ниту достоен отпор, камоли да приредат изненадување, ракометарите на Ал Мудхар уште во првото полувреме поведоа со 16-5, до крајот уште повеќе зголемувајќи ја предноста.

Победникот од мечот Вардар – Ал Мудхар во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од четвртфиналната пресметка меѓу Кил и Замалек.

Се вчитува...