Глава – дирек, глава – дирек: Дибиров се обиде, топката не сакаше да влезе во мрежа (видео)

Среќата не им беше наклонета на „вардарци“ во текот на денешното полуфинале со Кил. Доказ за тоа е и овој шут на Тимур Дибиров, што противничкиот голман Дарио Квенштед го одбрани со глава, потоа топката удри во левиот, па во десниот дирек, но сепак не заврши во мрежата.

Оваа акција беше и најинтересен потег во полуфиналето, во кое „црвено-црните“ не успеаја да го земат скалпот на германскиот гигант, па и во своето второ учество на Супер-глоуб повторно ќе играат само во „малото финале“.

Се вчитува...