Металург2 со три победи до трофејот на турнирот во Прилеп

Ракометарите на Металург2 стигнаа до трофејот на турнирот „Миле Нешковски“ што се одржуваше во Прилеп, на кој учествуваа уште и екипите на Тиквеш, Прилеп и Алушовски.

Младите ракометари предводени од тренерот Котевски прикажаа најмногу на теренот, најпрвин триумфирајќи над Алушовски со 39-30, потоа над домаќинот Прилеп со 30-27 и над Тиквеш со 36-30.

Второто место на турнирот во припадна на тимот на Прилеп, третопласиран беше Тиквеш, а на четвртата позиција се најде Алушовски.

Се вчитува...