Филип Талески се израдува на првата бундеслигашка победа со тимот на Балинген, откако по голема битка славеше над Нордхорн со резултат 25-23. По убедливиот пораз од Магдебург во првото коло, ракометарите на Балинген успеаја да поправат голем дел од грешките во играта и денеска да го прослават првиот триумф во елитното друштво.
Талески и соиграчите го контролираа мечот до самиот крај, но потоа во завршните минути ја искомпликува ситуацијата. Нордхорн имаше можност да израмни во самиот финиш откако имаше последен напад за израмнување со ракометар повеќе, но гостите почетнички ја загубија топката, по што Балинген ја осигура победата.
Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со еден гол и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА