Новата сезона во СЕХА-лигата ќе стартува вечерва со дуелот во Нови Сад меѓу екипите на Војводина и на Нексе. Конкуренцијата е значително засилена со враќањето на Веспрем и со вклучувањето на Мотор, а новина е поделбата на екипите во две групи, со целосна промена на системот на натпреварување.
Вардар и во оваа деветта сезона ќе влезе како најтрофеен клуб во регионалното натпреварување, воедно и главен фаворит за тронот во СЕХА и годинава. Во изминатата сезона стана тренд тренерите да тактизираат со составите на средбите од оваа лига, но „црвено-црните“ сепак имаат доволно широк ростер за да бидат конкурентни и во двете натпреварувања. Покрај Вардар, втор претставник на Македонија во СЕХА-лигата сезонава ќе биде Работник, битолскиот клуб кој ја заврши ланската сезона на второто место и сега ќе го замени Металург во регионалното натпреварување. Учеството на „фармацевтите“ воедно ќе значи и деби на СЕХА во салата во Битола, каде се очекува избраниците на Алушовски да имаат безрезервна поддршка од публиката.
Вардар во првото коло утре ќе го пречека Пекинг, додека Работник ќе дебитира во СЕХА в среда, со домашен натпревар против уште еден дебитант, рускиот претставник Спартак Москва. Дербито на првото коло се игра утре во Белорусија меѓу екипите на Брест Мешков и на Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА