Со победата на Војводина над Нексе тргна сезоната во СЕХА

Војводина го победи Нексе на отворањето на деветтата сезона во ракоемтната СЕХА лига. Српскиот шампион славеше со 29-23 и ја почна сезоната со тирумф во конкуренцијата А од регионалното натпреварување.

Војводина имаше два гола предност на полувремето, а во речиси целиот тек од средбата беше во позитива. Овчина и Николиќ со по пет гола беа водечки на листата стрелци кај победничкиот тим. Прибак и Продановиќ постигнаа по четири. Иван Думенчиќ со четири гола беше прв стрелец кај Нексе.

Во оваа група е и македонскиот, регионалниот и евриопскиот првак, Вардар кој утре ја почнува одбраната на трофејот со пресметата на домашен терен против Универзитер Спорт Пекинг. Вториот македонски претставник во СЕХА лигата сезонава, битолски Еурофарм в среда ќе го има дебитантскиот настап кога пред неговите навивачи ќе се соочи со Спартак Москва.

Се вчитува...