Владо Шола: Против Вардар не можеме да очекуваме поволен резултат, чест е што играме против европски гигант

Предводникот на кинескиот ракометен проект Уиверзитет Пекинг кој е со база во Загреб, а го предводи проанешниот хрватски репрезентативец, Владо Шоло денеска во Скопје ќе му биде противник на Вардар на отворањето на новата СЕХА сезона. За големата разлика во квалитиетот на двата состава е свесен и тренерот на клубот, па потенцира дека само што неговите играчи имаат можност да се соочат со Вардар е голема чест.

„За мене е голема чест што за првпат ќе предводам тим што ќе се натпреварува во СЕХА лигата. И за клуобот е ова голема чест, а особено што првиот натпревар го играме против еден од најголемите европски клубови, Вардар. Свесни сме дека не можеме да очекуваме позитивен исход против Вардар затоа што се работи за огромна разлика во квалитетот на двата тима. Очекувам моите играчи да го покажат најдоброто и да го покажат она што го работевме во изминатите неколку месеци за време на подготвките. Не сакам да се грижат за резултатот, туку само ода се фокусираат на предизвиците што си ги поставивме за денешениот натпревар“ – вели Шола.

Вардар и Пекинг се дел од групата А во која вчера веќе беше одигран воведниот натпревар од новата сезона. Во него Војводина беше подобра од Нексе. Во оваа конкренција се уште и Татран Прешов и Мотор Запорожје.

 

 

Се вчитува...