Убиен холандски фудбалер во Амстердам

Холандскиот фудбалер Кевин Мајнард е синоќа убиен во Амстердам. Искусниот 32-годишен бек, кој во кариерата играше за Волендам, Емен и Бартон синоќа бил застрелан. Мајнард бил во автомобилот кога на него од скутер биле истрелани куршуми, по кои загинал на лице место. Полицијата трага по извршителите на тешкото злосторство.

Мајнард последните две сезони го носеше дресот на нисколигашот Квик Бојс, а покрај во холандските тимови тој настапуваше и во Португалија, Белгија и Унгарија.

 

 

Се вчитува...