Стадионот во родниот град ќе го носи името на Емилијано Сала

Емилијано Сала добива стадион со неговото име. Утре, денот кога аргентинскиот фудбалер требаше да го прослави 29-от роденден, клубот од неговиот роден град, Сан Мартин де Прогресо на специјална манифестација ќе го преименува стадионот по играчот кој го загуби животот во трагична авионска несреќа.

Манифестацијата ќе се одржи утревечер. На неа ќе му биде оддадена почит на фудбалерот кој требаше кариерата да ја продолжи во Кардиф каде што направи трансфер од Нант. Несреќата се случи токму кога Сала патуваше за Шкотска да му се приклучи на новиот клуб.

 

 

 

Се вчитува...