Кјелце славеше над Веспрем со 34-33 во дерби дуелот на новата рунда од Лигата на шампионите, меч што Дејан Манасков нема да го памети по добро.
Не само што неговиот тим претрпе пораз, македонскиот репрезентативец не успеа ниту еднаш да се запише меѓу стрелците, промашувајќи ги двата удари кон голот на полскиот првак. Мечот беше решен во последните десетина минути, кога по израмнетите 29-29 Кјелце стигна до „плус три“, што беше доволно за тимот на Талант Душебајев да ја задржи предноста, на крајот изразена со само еден гол разлика.
Гајиќ со седум и Тенесен со пет погодоци беа најефикасни кај Веспрем, додека најдобар поединец во победничкиот тим беше Алекс Душебајев со 11 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА