Вардар в сабота го пречекува Киелце во Лигата на шампионите, а капитенот Стојанче Стоилов дуелот го претстави и на посликовит начин. Поранешниот соиграч Игор Карачиќ сега е дел од Киелце и ќе им се спротивстави на „црвено-црните“.
„Некој на крајот ќе плаче, или ние или Карачиќ. И тие се лимитирани ко нас, поради повредите овој ќе биде сличен натпревар како сите наши претходни и на крај некој ќе плаче. Ќе ми биде чудно против Карачиќ, сум играл против него во репрезентацијата и на тренинзи. Се надевам дека ние на крајот ќе се радуваме“, изјави Стојанче Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

