Вардар го забележа првото реми во сезоната од ракометната Лига на шампионите. Одигра 28-28 со Киелце во дуелот од седмото коло во групната фаза. Вардар дојде на 9 бода, има и четири победи и два порази и ја задржува втората позиција на табелата зад Кил.
Во исклучително неизвесниот и тензичен натпревар, во вистински момент, на голот на Вардар се разбуди Калифа Гедбане кој дуелот го заврши со 11 одбрани, но го одржуваше и сериозно му помогна на тимот во моментите кога се решаваше исходот на средбата. Тоа беше во последните десет минути во кои Вардар влезе во еден негатива, двапати израмнуваше, еднаш имаше еден плус, во финишот пропушти и шанса за победа.

Кобен период можеше да биде средината од вторто полувреме во кое, кога полскиот состав позитивата на Вардар од 20-16 во 34 минута ја претвори во предност од 22-25 во 46 минута. Во овој период од играта Вардар имаше еден од поголемите падови во играта, а силно се почувствува и отсуството на голем број ракометари поради повреди, па тренерот Кокшаров мораше сериозно да импровизира со составот кој му беше на терен.
Претходно во првото полувреме беше речиси идентично. Највисоката предност „црвено-црните“ ја имаа во 14 минута од средбата кога по одлична серија поведоа со 10-5. Но, потоа следуваше пад кој гостите го искористија со четири гола по ред во четири минути во кои Вардар не постигна ниту еден и намалија на само еден негатива. Околу 20-та минута Вардар се одржуваше на околу два гола дистанца, но веќе во 24 минута, Киелце дојде до израмнување на 13-13, а во 25.минута веќе водеше и со 14-15. Во тие моменти се разбрани Гедбане на голот и со три одбрани им помогна на соиграчите да ја вратат предноста.
Сташ Скубе со седум гола беше прв на листата стрелци, Иван Чупиќ постигна шест. Следниот натпревар на Вардар е повторно против Киелце, наредниот викенд гостува во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

