Судиите направиле грешка што не го признале кошот на Џејмс Харден постигнат на 7.50 минути до крајот од средбата со Сан Антонио, но жалбата е отфлерна, резултатот останува важечки, а нема да има преигрување на преостанатиот период од моментот на грешката до крајот на регуларното време како што бараше Хјустон.
Ова е одлуката на НБА лигатапо жалбата на Хјустон која го загуби дуелот со Сан Атнонио. Објаснувањето на комасарот, Адам Силвер кој се согладува со Хјустон дека имало грешка е дека „рокитс“ имале доволно време да надоместат затоа што имаше повеќе од седум минути до крајот од четвртината, а потоа се играше и продоложение. Како што стои во соопшштението од НБА, судиите од овој меч ќе бидат казнети.
Спорниот кош, ако беше признат ќе требаше да му донесе на Хјустон водство од 104-89. Харден постигна поени со забивање, но судиите решија дека кошот е неважечки. Во жалбата, Хјустон тврдеше дека судиите погрешно ги преминиле правилата од што произлегол погрешен резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА