Првпат во историјата на НБА – Тројца браќа во исто време на паркетот (ВИДЕО)

Њу Орлеанс синоќа ја победи Индијана со 120-98 во НБА лигата. Тоа и не е некоја вест, но натпреварот ќе остане запишан во историјата на НБА затоа што беше прв во кој во исто време на паркетот беа дури тројца браќа.

По седум минути и 47 секунди игра на паркетот се најдоа Арон, Дру и Дастин Холидеј. Дру беше стартер за Њу Орлеанс, а Арон за Индијана. Историјата беше запишана кога Џастин од клупата влезе во петорката на Индијана.

Арон со 25 поени, два скока и две асистенции беше најдобар играч на натпреварот но не успеа да го спречи поразот на Индијана. Џастин за 28 минути запиша еден скок, а Дру беше најдобар кошаркар на Њу Орлеанс со 20 поени, три скока и седум асистенции.

 

Се вчитува...